Услови за користење
Дефиниции
Зборовите употребени во овие услови за користење го имаат следново значење:
АЛЛ4НЕТ – системот за интернет трговија кој е управуван од фирмата АЛЛ4НЕТ ДООЕЛ
Купувач – секое физичко или правно лице кое се јавува во својство на купувач на производи и услуги од АЛЛ4НЕТ


Измена на условите за користење
Овие услови може да бидат изменети од страна на АЛЛ4НЕТ без претходна согласност од купувачот, особено доколку тоа го налагаат условите на пазарот или позитивните законски прописи. Дополнувањата или измените на овие услови ќе бидат обајавени и јавно достапни на веб страната на АЛЛ4НЕТ.
Со користење на АЛЛ4НЕТ, веб продавницата на АЛЛ4НЕТ, купувачот се согласува со следните услови на користење:


Регистрација на купувач
Како купувач на производи и услуги од веб продавнициата АЛЛ4НЕТ може да се јави:
1. Секое деловно способно физичко лице, кое има валидна е-маил адреса и/или сопствена валидна и подобна платежната картичка.
2. Правен субјект кој има валидна е-маил адреса и/или сопствена валидна и подобна платежната картичка.

Со самата регистрација како купувач и креирање на профил, купувачот физичко лице потврдува дека: има наполнето 18 години, информациите кои ги има обезбедено при регистрацијата а кои се однесуваат на името и презимето, е-маил адресата кои ги користи се валидни во моментот на регистрација и за време на процесирање на нарачката.

Со самата регистрација како купувач и креирање на профил, купувачот правно лице потврдува дека: е легално регистрирано и постои согласно законите на матичната земја, информациите кои ги има обезбедено при регистрацијата а кои се однесуваат на називот, даночниот број и е-маил адресата кои ги користи се валидни во моментот на регистрација и за време на процесирање на нарачката.


При регистрацијата купувачот прифаќа да добива електронска пошта со промоции од АЛЛ4НЕТ. За истата ќе му биде обезбедена можност да го откаже понатамошното примање на промотивни електронски пораки.


Нарачка на производи
Само регистрирани корисници можат да извршат нарачка на производи преку веб сајтот на АЛЛ4НЕТ. По завршувањето на процесот на нарачка, на е-мејл адресата наведена од страна на купувачот при процесот на регистрација, ќе биде испратена електронска порака за потврда на залихата и рокот на испорака на нарачката. Доколку купувачот се согласува со условите за испорака и ја потврди нарачката, може да продолжи со плаќање на нарачката.


Доколку некој производ не сме во можност да го испорачаме, АЛЛ4НЕТ се обврзува да му ја врати на купувачот полната уплатена сума за тој прозивод. Доколку купувачот изврши уплата врз основа на изгенерирана профактура, а ние не сме во можност да испорачаме дел од нарачката, на купувачот му се враќа полната сума за оние производи кои не сме во можност да ги испорачаме.


Прегледот на извршените нарачки и нивниот статус купувачот има можност да ги следи и преку системот на АЛЛ4НЕТ, во делот “Моја сметка”.


АЛЛ4НЕТ го задржува правото за промена на цените на производите без никаква претходна најава, не одговара за можните грешки, сите производи не се секогаш достапни во продавницата, дел од производите се порачуваат, сликите и боите на производите може да се разликуваат од реалните продукти.


АЛЛ4НЕТ е должен да го извести купувачот за промена на цената доколку е веќе извршена нарачка или нарачката е во процес на потврда. Доколку нарачката е платена, купувачот одлучува дали ќе ја доплати разликата во цените или ќе ја откаже нарачката со што ќе му се врати полниот уплатен износ.


 
Цени на производите
Продажната цена за производите објавени на АЛЛ4НЕТ е крајната цена на единица производ со вклучен данок на додадена вредност и сите други јавни давачки. Цената е изразена во денари и наплатата се извршува во денарска валута. Во случај цената да е прикажана во некоја друга валута, тој податок е исклучиво од информативен карактер. Наплатата секогаш се извршува во денари. АЛЛ4НЕТ го задржува правото за да ја промени цената на објавените производи без предходна најава.



Начин на плаќање
Плаќањето на нарачките може да се изврши со следните платежни картички: Visa; Visa Electron; Mastercard; Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката), а наплатата се извршува преку нашиот партнер ХАЛКБАНК. Плаќањето може да се изврши и по генерирана профактура која ја добивате на електронската пошта која сте ја навеле при регистрација на АЛЛ4НЕТ. По извршената уплата се испорачува нарачката.



Начин и услови за испорака
Производите кои купувачот ги нарачува преку АЛЛ4НЕТ, ќе бидат доставени до купувачот на начин кој тој го одбрал при комплетирање на нарачката. Производите ќе бидат доставени на адреса која купувачот ја навел како адреса за испорака.


Доколку наведената адреса е во Скопје, услугата за достава се наплатува по цена од 100 ден. За достава до населени места надвор од Скопје, услугата се наплатува по цена од 150 ден. Овие цени важат за производи до 10 килограми. Цените за поголема тежина се менливи.


Сите производи се испорачуваат во определениот рок и под услови кои купувачот ги одбрал при потврдувањето на нарачката. Производите се испорачуваат со гаранција (доколку производот има гаранција), испратница и фактура за извршеното плаќање.


Секој купувач е должен при испорака на производот да го провери за евентуални оштетувања при транспорт, или доколку нарачката содржи повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува.


Доколку производот е испорачан во оштетена состојба, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба веднаш да ја пријави рекламацијата, за брзо да се исправи направената грешка. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.


Доколку службата за испорака не успее да го пронајде купувачот на наведената адреса за испорака, ќе остави писмено известување и ќе се обиде да воспостави контакт со купувачот користејќи ги податоците оставени од негова страна при правењето нарачка.


Доколку купувачот не сака да ја искористи услугата за достава на нарачка до одредена адреса, нарачката може да ја подигне од просториите на АЛЛ4НЕТ. Изборот на начинот на испорака, купувачот го прави при комплетирање на нарачката.



Враќање на производ
Купувачот може да го врати производот без да ја наведе причината за таквата негова постапка во рок од 7 работни дена од денот на прием на производот. Во тој случај средствата кои ги платил ќе му бидат вратени намалени за трошоците за првичната испорака.


Вратениот производ и пакувањето мора да бидат 100% во оригинална неоштетена состојба. Трошокот за испорака на производот кој се враќа назад до АЛЛ4НЕТ е на сметка на купувачот.



Сервис и гаранција
АЛЛ4НЕТ не го прима уредот на сервис, доколку уредот има . Информации за овластениот сервис на производот добивате при купување на производот.  редовно се ажурира на нашата .


АЛЛ4НЕТ ДООЕЛ нема да ги прима уредите на сервис доколку:
– Не е приложена фактура или фискална сметка за уредот (или копија)
– Не е приложен гарантен лист за уредот (или копија)